Софтвер за внатрешно уредување1 коментар

пишува: M.M. | објавено на 16.07.2009 во 13:14

Сакате да го преуредите станот? Да ги префарбате ѕидовите?Да го преместите мeбелот во собата? Сакате да ја нацртате основата на станот и сето тоа да го направите со едноставен програм, без да барате архитект или професионални програми? Sweet Home 3D може лесно да ви помогне со сето тоа.

SweetHome3DLinux

Со оваа апликација можете да направите проект за внатрешно уредување лесно и брзо: измерети ги собите во станот, нацртајте ги ѕидовите и внесете ги димензиите на основата, креирајте 3 димензионални ѕидови, променете ја бојата или текстурата на ѕидовите, на подот, поставете мебел во секоја соба и посетете го новокреираниот стан со виртуелна посета и прошетка низ собите.

Sweet Home 3D е достапен под Windows, Linux, Mac OS. Испробан и за препорака…

Прочитај повеќе и download…

Текстот е превземен со одобрение на авторот од сајтот Охридскион Блог.

Статии со слична содржина
МаркетингМесто за ваша реклама

1 коментар

  1. ДеГол said on 17.07.2009 at 13:49

    Фино програмче, многу употребливо, благодарам.

Оставете коментар