Можеби сте слушнале дека јаболкото може да ви помогне да ги намалите вашите килограми. Тоа е сосема точно и при една неодамнешна студија, учесниците кои консумирале по едно јаболко 15 минути пред јадење успеале да намалат 200 калории од нивниот оброк за разлика од оние што воопшто не јаделе јаболко.

Затоа е препорачано да консумирате барем едно јаболко после вашето вежбање. Зошто? Затоа што јаболкото е здраво и богато со растителни влакна и со само едно средно големо јаболко го одложувате зголемениот глад кој настанува после вежбање, па нема веднаш да се нафрлите на фрижидерот и лесно да го уништите времето поминато во фитнес центрите. А со само едно јаболко ќе ги намалите вкупните калории што ги внесувате при исхраната, па покрај тоа што ќе бидете сити и задоволни од вашиот оброк за кратко време вашите вишок килограми ќе исчезнат и повторно ќе ја вратите фигурата која отсекогаш сте ја посакувале.
Статии со слична содржина

