Тајната на Yu Shan со свинско месо е во лутото сечуанско масло кое се припрема така што растително масло го загревате на средна температура, додавате исечкани чили пиперчиња и на тивок оган пржете додека маслото не поцрвени.
Состојки за 4 особи:
| 500 g | Свинско месо |
| 1 | Белки од јајце |
| ½ лажица | сол |
| 1 лажица | Светол соја сос |
| 1 лажица | Gussnela Dolcela |
| 150 ml | Масло за пржење |
| 2 лажици | Сончогледово масло |
| 100 g | Бамбус од конзерва |
| 100 g | Црвена пиперка |
| 100 g | Зелена пиперка |
| 2 лажица | Темен соја сос |
| 1 лажица | вино |
| 1 | Млад лук |
| ½ лажици | шеќер |
| 1 лажица | Оцет од ориз |
| 1 лажица | Сечуанско масло |
Припрема:
- Свинското месо го сечеме на тенки стапчиња или коцки (по желба), додаваме разматена белка, сол, соја сос и Gussnel. Мешавината ја оставаме да стои 10 минути.
- Во вог тава на загреано масло ја пржиме пола од количината на месото, а после првата половина ја пржиме и втората.
- Маслото во кое сме го пржеле месото го фрламе од вогот и додаваме 2 лажици сончогледово масло на кое потоа пржиме бамбус и пиперка изечена на стапчиња.
- Потоа во вогот го враќаме прженото месо, додаваме темен соја сос, вино, сецкам млад лук, сечуанско масло и оцет од ориз.
Послужување:
Се заедно кратко мешаме и послужуваме.
Совет:
Сечуанско масло се припрема така што растителното масло со загревате на средна температура, додавате ситени чили пиперчиња и на тивок оган пржете додека маслото не поцрвени.
Специфичните артикли за припрема на ова јадење може да ги најдете во маркетите на Веро или Рамстор, а мислам дека ги имам сретнато и во Тинекс.
Статии со слична содржина

