Откриена формулата за успешен бракнема коментари

пишува: Е.В. | објавено на 31.08.2009 во 23:02

couple-romantic-dinner

Формулата за успешен брак се состои од дневна доза на љубов која вклучува: четири бакнежи, три милувања, едно ‘те сакам’, потоа – секс три пати неделно, партнерите да имаат хоби и старосната разлика да биде две години. Сето ова може да помогне во одржувањето на добри односи во бракот според истражувањата на confetti.co.uk

Другите тајни на успешниот брак се: две романтични вечери во текот на еден месец, три заеднички вечери неделно, милување на троседот, две-викенд изненадувања секоја година и одмор во странство.

Истражувањата покажуваат дека партнерите треба да излегуваат со своите пријатели одделно најмалку два пати во текот на еден месец што добро влијае на независноста на партнерите.

Статии со слична содржина
МаркетингМесто за ваша реклама

Оставете коментар