Трикови за будење на сексуалната желбанема коментари

пишува: М.Б. | објавено на 22.07.2009 во 12:01

Клише тврдењето дека заедничкиот живот ја убива сексуалната желба е тотално промашено, тврдат сексолозите, и додаваат дека секогаш е можно да се запали хормоналната жештина како од самиот почеток на врската.

monica_bellucci-blic-mkСексуалната желба како што е познато се храни со страст, восхит и со извесна тајновитост. Воошто не не зачудува дека е многу јака во почетокот на љубовната врска, но потоа, со поминување на времето, се смирува, и со тоа парот добива чувство дека златното време на страста е завршено.

Но тој заклучок не е само површен, туку е и погрешен. Хормоналната жештина која пламти за време на почетоците на односот не е секогаш зачеток на желбата за секс. Со годините врската станува се посложена, сентиментална и подирекна со контактот со секојдневниот живот. Со тоа желбата неминовно мора да се прилагоди на тој ритам и на неизбежните притисоци на кои таа е изложена.

Безгрижноста е темел за добар секс

Првата грешка е верувањето дека заедничкиот живот и сексуалната желба – лош спој. Желбата ги следи интимните текови во една врска. Ако за таа врска приоритет е професионален и фамилијарен живот, нормално е сексуалната желба да заземе второ место, ако не и трето. И како што конфликтите одземаат голема енергија, така и неслогата и некои други невољи ја одземаат енергијата со која обично се храни сексуалната желба.

Со други зборови, за да има желба треба да се биде што повеќе ослободен/а од разни грижи и стравови кои ни одвраќаат внимание од сексуалната желба. Ако тоа не е можно, тогаш би требало почесто само да си замислиме ситуација, на пример: како лежерно и во добро расположение уживаме во нешто убаво, претходно случено или желба за иднина.

Првенствено треба да бидеме свесни дека желбата не доаѓа сама од себе туку завоси од нашите душевни состојби и нашето време, и тоа е првото нешто кое треба да се регулира пред да се почне да се сомнева дека нешто се случува со нашата сексуална желба. За да го сочуваме нашиот интимен однос треба меѓусебно партнерите да ги искажат сите емоции кои мислиме дека не постојат повеќе, а не само да се прикриваат.

Без искрена комуникација и полно почитување спрема партнерот, љубовната и сексуалната желба може со сигурност да изчезне со поминување на времето. Затоа ако можеме да му кажеме на партнерот дека навистина имаме проблем, преоптеретени сме или многу уморни, тоа значи дека и него го вклучуваме во решавање на нашиот проблем, а со тоа и меѓусебно си помагаме, со што се овозможува да се спречи какво и да е поголемо недоразбирање и меѓусебни оптужувања.

Нема телесна страст без интимност и разбирање

par-race-blicПознато е дека некои ситуации кои предизвикуваат стрес (професионални проблеми, здравствени проблеми, фамилијарни проблеми) се вистински убијци на сексуалната желба.

Некои парови со месеци не водат љубов едноставно затоа што така налага динамиката на нивната врска или некои животни ситуации, па заради тоа не трпат дополнителни фрустрации, туку кога ќе се случи сексот уживаат во него како и на почетокот. Во друг случај некои парови водат секојневно љубов но без посебно уживање и без вистинска интимност. Желбата може да постои и без да се реализира сексуално, едноставно затоа што не може да се работи на повеќе страни истовремено.

Важно е да за време на периодот кога сексуалната активност е поставена во втор план – да се храни интимноста: партнерите мора меѓусебно да си помагаат, да си гледаат “низ прсти” и да пронаоѓаат некои заеднички работи во кои уживаат: некое пријатно излегување, заеднички појадок, смеење до солзи, плачење … Сексуалната желба се храни со чувството дека можеме да се отпуштиме со партнерот и единствено со него/неа да останеме засекогаш свои, и да го поделиме тоа што не би го делеле со никој друг.

Сензуалноста е исто така еден од начините да се остане близок во тој период: бакнеж, прегратка или рака на рамо, некое згодно масирање, заеднички попладневен одмор, плажа или слично.
Во секој случај тие мали сензуални и нежни постапки овозможуваат да останеме во врска и да продолжиме да одржуваме блиска физичка и емоционална атмосфера, што ќе ни биде од преголема помош во приликите поволни и за сексуална блискост.

Статии со слична содржина
МаркетингМесто за ваша реклама

Оставете коментар