Ммм, Армани секако знае да изненади. Направил супер избор за следната рекламна кампања! Ангелина Џоли и Дејвид Бекам се секако прекрасена и фатална комбинација. Ќе видиме што ќе мислат за тоа Викторија Бекам и Бред Пит!
Ѕвездата на фудбалот Дејвид Бекам не е воопшто почетник во овој бизнис, со обзир што веќе две години работи за Армани. Медиумите тврдат дека фудбалерот и глумицата кои имаат сосема различна публика сигурно ке направат голем бум, а со тоа Армани и ќе се издигне над тековната конкуренција.
Се поставува актуелно прашањето за нивните бракови, посебно за Бекам, кој нон-стоп е посебно заинтересиран за спротивниот пол (надвор од бракот), а Ангелина е веќе позната освојувачица на машките срца. Армани лично твдри дека ке внимава на нивното дружење.
Од друга страна, есенско – зимската колекција Haute couture, Aрмани ја претстави во Париз со прекрасно славење. Тоа е облека која преовладува со гламур од украси, злато и сребро. Холивудските ѕвезди сигурно во неа ќе најдат и понекое парче за лична употреба.
Црни плишани јакни украсени со кристал, копчињата на кошулите изработени од накит, мрежасти градници извезени и изработени од свила, се дел од Haute couture колекцијата.
На крајот од дефилето во Париз од 55 модели, со воодушевување ракоплескаа глумиците Isabelle Huppert, Kate Blanchet, 71 годишната вечна Claudia Cardinale, Vahina Gioccante i Emmanuelle Beart.
Статии со слична содржина

