Банана диетата е измислена во Јапонија и својата популарност и едноставност на програмата за слабеење ја добила (можете да претпоставите) – преку интернетот. Диетата е повеќе од едноставна – уживате во јадење на банани.
Конечно диета со која можета да ослабете без стрес . Банана диетата одржува добра кондиција, оптимална телесна тежина, кожата ја прави поубава, нема “jo-jo” ефект – кој е вообичаена појава за другите диети… Диетата се сведува на: За појадок се јадат само банани и вода, а за ручек и вечера – било што. А не е забранет ни сладок попладневен оброк. Не ви се верува? Во продолжение се “тајните” правила.
Правила на банана диетата:
- Јадете свежи банани за доручек.
- Со бананите пијте вода со собна температура (не ладна).
- За ручек и вечера јадете оброк по ваш избор.
- Јадете до ситост, немојте да се прејадувате.
- Сладок меѓу оброк може да јадете во 15 часот.
- Вечерајте пред 20 часот.
- Одете на спиење пред полноќ.
Тоа би било тоа, едноставно и практично за секого.
Статии со слична содржина

