Како до рамен стомак без мака – прв делнема коментари

пишува: Л.Д. | објавено на 04.08.2009 во 09:36

flat_stomach-1Нема тука никакво мудрување – неколку здрави навики и паметно одбрана храна е доволно за рамен стомак како од модните списанија. Најбитно е да се избегнува храна која надувува, да се пијат многу течности, и секако и да се направи понекоја вежбичка. Во првиов дел ќе одиме само со храната, а во другиот дел за рамен стомак без мака ќе кажеме нешто и за стомачните вежби.

За рамен стомак јадете:

  • Суво месо, јајца, сите видови на риби и морски плодови
  • Соја, сув зеленчук, лешници, кикиритки, бадеми и други слични плодови.
  • Житарици, интегрален леб и интегрални тестенини.
  • Зелен зеленчук – сиров и готвен.
  • Корења: морков, роквици …
  • Перјаст зеленчук: лук, целер, кромид …
  • Суво овошје: смоква, слива, грозје …
  • Сезонско овошје
  • Зрнаста храна
  • Растителни масла
  • Зачини: босилок, рузмарин …
  • Чоколада, но само со услов да не содржи повеќе од 75% какао.
  • Најбитното: негазирана вода и сите врсти на чаеви

За рамен стомак избегнувајте:

  • Храна која ја задржува водата во телото; слатка или многу солена храна.
  • Рафинирана храна (која изгубила голем дел од хранливите елементи): француски леб, бел леб, двопек …
  • Млечни производи, дури и полесните, затоа што нивната ферментација предизвикува надуеност.
  • Јадења богати со заситени масти и сол.
  • Газирани пијалоци и индустриски овошни сокови.
  • Животински масти како путер, свинска маст …
  • Кафе, разни мирудии и многу алкохол.
  • Јадења во сос.
  • Пржени јадења, пржени кромпири, пржени јајца и слично.
  • Рафинирани (неинтегрални) тестенини и ориз.

Пијте многу течности:

Не смееме да заборавиме да пиеме вода во текот на целиот ден затоа што водата има важна улога за нашиот метаболизам. Таа овозможува да се растопи се што се јаде и така да ја олесни работата на желудникот и цревата.

Во следното продолжение за начини за добивање и одржување на рамен стомак ќе пишуваме за стомачните вежби. Читајте не!

Како до рамен стомак без мака – втор дел

Статии со слична содржина
МаркетингМесто за ваша реклама

Оставете коментар