Како правилно се користи банкоматнема коментари

пишува: Л.Д. | објавено на 17.07.2009 во 11:01

credit-card-debtКако дел од циклусот за нормално живеење и стандарди за влез во Европа Blic.mk ви дава совети/прирачник за користење на банкомати во земјава и во странство. Знаеме дека долго време банкоматите се дел од нашиот живот, но во секој случај добро е да се повторат чекорите и да се потенцираат можните грешки и невниманија што може да резултираат со губење, блокирање на платежната картичка, а не дај боже и губење на пари.

Чекорите за користење на банкомат се следни:

  1. Внесете ја вашата платежна картичка во отворот обележан за картичката. Картичката внесете ја со лицето свртено кон вас (името на банката или логото од картичката да биде горе). Магнетната лента треба да биде одоздола.
  2. Изберете јазик за комуникација со автоматот – со притискање на копчињата на десна или на лева страна на автоматот што се поставени најблиску и во линија со одбраниот јазик.
  3. Внесете го својот ПИН со притискање на броевите од тастатурата при што на екранот се појавуваат “X” или “*” ознаки и причекајте или притиснете ENETE или ACCEPT (зависно од типот на апаратот). Ако сте напишале погрешно, на тастатурата притиснете CLEAR или на некој апарати – ERROR,  и повторно внесете го ПИН кодот. Ако 3 пати го згрешите ПИН кодот картичката нема да ви биде вратена од апаратот. Во тој случај постапете согласност со советите на крајот од овој текст.
  4. Со притискање на копчињата од страна изберете колку пари сакате да повелечете или побарајте статус на сметка.
    1. Ако сакате да подигнете одреден износ што е веќе дефиниран на копче, потребно е со притискање на соодветното копче (најблиску и во линија со износот) да го одберете износот.
    2. Ако сакате да изберете друг износ за исплата одберете ја опцијата “друг износ” и бараната сума впишете ја без децимални места со броевите од тастатурата. Потоа притиснете со ENTER или ACCEPT.
  5. Изјаснете се дали сакате потврда за извршената трансакција со притискање на копчето ДА или НЕ. После тоа чекорите се следни:
    1. Земете ја картичката најмалку за 20 секунди.
    2. Земете ја потврдата од транскацијата (доколку сте ја побарале со ДА).
    3. Земете ги парите од банкоматот најмногу во рок од 40 секунди бидејки потоа банкоматот ќе си ги повлече парите назад.
  6. Покрај подогањето на готовина со притискање на копчињата банкоматите може да ги користите за:
    1. За да ја проверите состојбата на својата сметка – притиснете го копчето за “состојба”. На екранот ќе се појави информација за износот.
    2. Со притискање на копчето “други услуги” се појавува можност за промена на ПИН кодот. На новиот екран внесете четирицифрен број за Вашиот нов ПИН код. Истиот повторно внесете го за да ја проверите точноста.

Корисни совети за користење на банкомат

  • Картичката при подигнување е блокирана. Нејзиното деблокирање се врши на банкомат во земјата со точно внесување на ПИН код и со проверка на средства или со повлекување на пари од банкомат.
  • Доколку поради 3 пати погрешно внесен ПИН код банкоматот ви ја одзел картичката обратете се:
    • Соодветната експозитура каде е поставен апаратот
    • Во филијалата на банката
    • Картичката ќе ви биде вратена со документ за лична идентификација
  • Доколку картичката ви е одземена во банкомат во друга банка
    • Во земјата – потребно е во било која експозитура на матичната банка од каде ви е картичката да доставите барање за реиздавање на картичка.
    • Во странство – потребно е да се обратите во банката сопственик на банкоматот. Во спротивно картичката се вреќа во матичната банка поништена. За реиздавање на картичка обратете се со барање до матичната банка.
  • Заради ваша сигурност ПИН кодот запамтете го, не го запишувајте на лист кој стои во новчаник заедно со картичката, чанта или каков и да е нотес затоа што тие предмети може да бидат украдени.
  • Кога подигнувате готовина осигурајте се дека никој неможе да го види ПИН кодот. Не пребројувајте ги парите додека стоите пред банкомат. Не оставајте ја вашата потврда за подигање на готовина во банкоматот. Не дозволувајте непознато лице да ви помогне во користење на банкоматот.
  • Чувајте ја картичката како да е готовина, на сигурно место и не давајте ја на други.
  • Не го напуштејте бакоматот пред појавување на пораката ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО ГО КОРИСТЕВТЕ … .
  • Во случај на губење или крадење на картичката веднаш контактирајте ја вашата матична банка за да изврши блокирање на користење на истата.
Статии со слична содржина
МаркетингМесто за ваша реклама

Оставете коментар