Во ова време на рецесија во секој случај добро е да се најде и искористи секој можен начин да се заштеди. За да имате се повеќе и повеќе штедете по малку. Blic.mk со 41 совет поделени во четири последователни статии, ќе ви помогне да го најдете најпрактичениот и наједноставниот начин за штедење за вас.
- Наместо да купувате и да порачувате храна на работа, понесете го со себе оброкот кој сте го подготвиле дома.
- Пред да одите да пазарите секогаш составете список во кој ќе ги напишете работите кои треба да ги набавите. Во продавница купете ги само тие работи. Доколку наидете на нешто непредвидено и неодоливо, не го купувајте, запишете го, но, за следниот пат.
- Пазарете во дисконтни продавници кога треба да набивите повеќе работи. Секако останува да се држите на списокот, во спротивно се што ке видите надвор од списокот ви изгледа поповолно до другите продавници и ви се чини дека ви е потребно. Но, ако не сте се сетиле на тоа дури сте го правеле списокот, сигурно можете и без тоа, барем до следниот список.
- Секогаш обрнувајте внимание на посебните попусти и акции во продавниците. Но и за попустите важи претходното. Купувајте го само тоа што ви е потребно.
- Собирајте ги купоните што би ги нудат во продавниците, но немојте да купувате надвор од својот план само да го надминете потребниот износ или да добиете некаков си подарок кој сигурно не ви е толку потребен.
- Испланирајте го вашиот шопинг. Вложете малку пари во новите модни списанија, пребарајте по интернет, прошетајте прво со пријателите, гледајте ги луѓето по улица – добри идеи сами ќе ви дојдат. Кога ке ја замислите комбинацијата запишете ја и само тогаш фатете се за работа.
- Одамна е позната изреката “Не сум доволно богат за да купувам ефтини работи”. Не купувајте ефтина и неквалитетна облека која би ја облекле неколку пати или можеби воошто нема да ја облечете. Повеќе ефтини и неквалитетни работи на крајот ке ве чинат повеќе отколку едно или две навистина квалитетни работи.
- Не сте во можност секоја сезона да јаобновите својата гардероба, а сакате да изгледате модерно и да купувате квалитетна облека? Тогаш, одберете работи кои се покласични и се носат повеќе сезони, а стилот сепак менувајте го со деталите и чевлите.
- Ако купувате техничка опрема, најпрво пребарајте преку интернет, по огласи по весници и прошетајте по повеќе продавници. Обрнете внимание на попустите и акциите кои се нудат.
- Ако сметате дека не может ништо да заштедите од своите примања, пресметајте дневно колку кафиња и сокови пиете, колку цигари пушите, или колку слатки јадете. Ако пиете пример, едно кафе помалку дневно или една чоколада помалку дневно за една година ќе имате, на пример, нови чизми. А да не ја спомнувам и вистинската придобивка, ќе бидете многу повитки и поздрави.
- Наместо во сервис за миење возила измијте си го сами автомобилот со што ке заштедите 150 денари + 70 денари пијалак додека чекате + ке заштедите квалитетно време.



bravo,edvaj chekam sledno shto ke bide,mozebi i ke zashtedam sledjki Ve Vas
Napishete neshto svoe, nemojte da kradete od tutunska banka