
Рецептот потекнува од мексиканската кујна и е многу лесен и брз за припремање. Артиклите може да се набават во сите наши поголеми маркети (Веро, Тинекс, Рамстор). Батаците препорачувам да бидат свежи, но нема да има големи промени во вкусот ако се и замрзнати.
Потребни Состојки:
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- Црвена лута пиперка
- 2 лажици мајчина душица
- 750мл. Пасиран домат
- Сол
- Лажица мед
- 4 лажици зрна пченка
- 4 печени батаци со карабатак
Подготовка:
1. Исецкајте ги кромидот и лукот и пропржете ги. Исчистете ја пиперката од семки, исецкајте ја и додадете ја во тава заедно со мајчината душица. Издинстајте се заедно.
2. Додате го пасираниот домат, посолете и побиберете. Проварете ги. Оставете да се крчка 10 минути со капак. Доколку е многу густо додадете малку вода.
3. Во сосот ставете ги батаците и пченката. Крчкајте се заедно 5 минути. Послужете со ориз или багет лепче и зелена салата.
Статии со слична содржина

