Враќање во мода на шарените разгледницинема коментари

пишува: Л.Д. | објавено на 07.08.2009 во 08:38

turisticka-razglednicaБез обзир колку и да сте кул и несклони на носталгични и сентиментални начини на посветување внимание, шарена разгледница во поштенското сандаче не го остава рамнодушен нити најладниот техно фрик. Како што ретрото веќе остави печат во модата и во музиката, свој печат се повеќе оддава и на нашиот стил на патување.

Небо со нагласени бои, зеленило и езеро или светликаво и тиркизно море неретко се слики кои ги украсуваат разгледниците од најразличните делови на светот.

На жалост, традиција на праќањето разгледници се повеќе се губи затоа што емаилот во интернет кафе е многу поедноставен од купување на шарено картонче, поштенски марки и барање на поштенско сандаче.

Но, кога на овогодишниот одмор ќе одите да купувате некое списание за на плажа од блиската трафика, ви препорачуваме да фрлите поглед на делот за разгледници кои само чекаат да напишете неколку збора, да се потпишете и да ги испратите.

Бидете сигурни дека вашите пријатели и најблиски многу ќе ги развеселите, затоа што верувајте ми, после долго време во своето сандаче осем летоци и сметки ќе добијат и дел од морската атмосфера и добро расположение од вашиот годишниот одмор. Од друга страна вие лично ќе го доживеете единственото туристичко искуство со пиење кафе во блискиот кафич блиску до вашата омилена плажа и пишување на разгледница.

Статии со слична содржина
МаркетингМесто за ваша реклама

Оставете коментар