Компанијата Beiersdorf ја претстави првата невидлива заштита од сонце – NIVEA SUN Invisible Protection спреј. NIVEA SUN Invisible Protection спреј е иновација со 100% проѕирна и немасна формула која веднаш се впива во вашата кожа и не остава никакви траги, додека на кожата и дава водоотпорна заштита и долготрајна хидратација. NIVEA SUN линијата во оваа сезона е побогата за новиот детски лосион во практично мини пакување, но и со NIVEA SUN Holiday Kit.
Квалитетна заштита од сонце е апсолутни “must” за ова лето, а уште подобро е кога заштитата е неприметна, со тоа е и попопуларна. Новиот Нивеа спреј се впива во кожата и веднаш делува. Со својата потполна невидливост иновацијата нуди UVB и UVA филтри кои делуваат исто како и производите од Нивеа базирани на невидливи емулзии.
Посебно дизајнираната пумпа која функционира и превртена наопаку го распрскува спрејот на сите страни подеднакво. Распрсканиот спреј е со пријатен мирис, лесно се размачкува и се впива за неколу секунди. Невидливиот заштитен слој не остава масни нити лепливи траги, а кожата је прави глатка и мека. NIVEA SUN Invisible Protection спреј е достапен во три различни заштитни фактори: низок (SPF 10), среден (SPF 20) и висок (SPF 30). Не содржи конзерванси ни емулгатори и е дерматолошки докажан.
NIVEA SUN Invisible Protection спреј може да се најде во специјалистички козметички продавници ширум Македонија.
Статии со слична содржина

