Сигурно сите ќе се сложите дека пицата е прекрасно јадење погодно за секое годишно време. Но во лето е најдобро да се јаде пица со морски плодови кои ќе и дадат префинет вкус и изглед. Уживајте.
Тесто за пица (4 особи), состојки:
- 230 мл топла вода
- 1 лажиче шеќер
- 1/2 пакетче свеж квасец и 1 пакетче сув квасец
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажичка сол
- 310 гр бело брашно
Припрема на тесто:
Во топла вода да се стави квасец, се додава шеќер, маслиново масло и добро да се измати смесата. На оваа смеса да се додаде брашно и добро да се замеси тестото. Да се покрие со влажна крпа и да се остави 15 мин. да порасне дупло. Да се подели тестото на 4 делови.
Состојки за преливот:
- 12 шкампи или големи школки (исчистени)
- 10 парченца рибни филети – риба по избор
- 200 гр дагњи
- 100 гр сурими стапчиња
- 5-6 црни и зелени маслинки
- 200 мл сос од домати од тетрапак или концентрат од домати по желба, разредни со малце вода и шеќер
- 125 гр моцарела сирење
- 50 гр пармезан сирење
- 3-4 парчиња ситено изрендан лук
- босилок по желба
- пипер по желба
Начин на припрема:
- Загрејте ја рерната на 220 степени.
- Развлечете го тестото за пица.
- Распоредете го сосот од домати врз тестото, ставете ги сирењата,
- распоредете ги шкампите, филетите, дагњите, сурими стапчињата и маслинките.
- Растресете го босилокот, пиперот и лукот.
- Печете 20 мин.
Добар апетит!
Статии со слична содржина

