За да бидете здрави, доручкувајте секој деннема коментари

пишува: Е.В. | објавено на 21.07.2009 во 13:17

4c03366c7f39666c_cerealДоручекот е најважниот оброк во денот затоа што го рестартира вашиот метаболизам, го регулира шеќерот во крвта, ви дава енергија до следниот оброк, а помага и во одржување на вашата тежина. Доручекот е квалитетен ако се состои од јагленохидрати, протеини и растителни влакна. Мора да запомнете дека времето кога доручковате е исто толку многу важно како тоа што го доручковате.

По правило би требало да доручковате набрзо по вашето будење. Ако не станувате рано, вашиот оброк би требало да биде по 9 или 10 часот. Ако започнувате со вежби, погрижете се доручекот да е лесен, на пример мал тост и тврдо кувано јајце, а после вежбите можете да имате пообилен доручек. Доколку не вежбате но брзате некаде, земете свежо овошје или јогурт. Најдобар начин е да резервирате време за вашиот доручек барем 15-тина минути секој ден. Станете 15 минути порано ако треба и дозволете му на вашиот организам правилно да го започне денот со квалитетен доручек од овесни снегулки со јогурт, млеко или корнфлекс или најдобро овошје и свежа салата која ќе ве наполни со енергија и насмевка за новиот работен ден.

Статии со слична содржина
МаркетингМесто за ваша реклама

Оставете коментар