За нас

Blic.mk е нов македонски lifestyle портал кој е замислен да внесе свежина во е-медиумите, со нов привлечен и едноставен дизајн и нови содржини кои веруваме ќе го привлечат вашето внимание. Дизајниран е едноставно за поголема прегледност и брзо наоѓање на саканите содржини. На левата колона ќе ви бидат достапни сите најнови статии, како и најчитаните статии во месецот, додека другите две колони се резервирани за фото галерии и видео од разни забави, културни манифестации, рецепти, совети, фитнес и други интересни дешавања. Сите категории се достапни со еден клик на главното хоризонтално мени.

Блиц на своите читатели ќе им понуди најнови информации и трендови од областа на културата, здравјето, убавината, фитнес, дизајн, технологија, музика, концерти, забава, ноќен живот.. Ќе ве забавува со гастрономски занимливости, патувања и репортажи, вино, коктели, животот на славните.. Ќе ви помогнете да го разубавите вашиот љубовен живот и да го намалите секојдневниот работен притисок. На страниците на Blic.mk за брзо време ќе може да прочитате и најразлични колумни и интервјуа со познати фаци од јавниот и културниот живот.

Се надеваме дека Blic.mk  ќе стане секојдневно место во вашите ценети животи и искрено ви благодариме за вашата поддршка и за сите ваши совети и сугестии како да го направиме Blic.mk подобар во иднина.

Тимот на Blic.mk

email: info@blic.mk